ТУРСКАТА МОРНАРИЦА МАНЕВРИРА НА 4 МОРИЊА Турција одржува голема воена вежба

Во воената вежба „Морски волк 2/2026“ учествуваат 125 бродови, 18.000 војници, дронови, хеликоптери и противбродски вооружени системи.

33

Турската воена морнарица одржува голема воена вежба во Црното Море, Мраморното Море, Егејското Море и на Медитеранот. Маневрите почнаа вчера и ќе траат до 14 јуни.

Во воената вежба „Морски волк 2/2026“ учествуваат 125 бродови, 18.000 војници, дронови, хеликоптери и противбродски вооружени системи.






Началникот на оперативното одделение на турската морнарица, контраадмирал Алпер Догуканли истакна дека цел на вежбата е да се проценат оперативните, командните и контролните способности на турските поморски единици, да се зголеми нивната борбена готовност и да се подобрат нивните вештини за донесување одлуки во средина со повеќе закани.

Поврзани содржини