ПРЕД НАС Е ПРИЈАТНА СЕДМИЦА, ГОРЕШТИНИТЕ СЀ УШТЕ НЕ ПОЧНУВААТ Можни се кратки локални дождови

Температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 18 степени, а преку денот ќе се искачуваат до 34 степени.

0

о следната седмица во Македонија ќе продолжат пријатните летни температури на воздухот, без најави за нов топол бран од Африка. Температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 18 степени, а преку денот ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени, пишува метопрогнозерот Славчо Поповски на неговиот портал Метеоаларм.

Врнежите ќе бидат под просекот за овој период од годината, но поради повремено спуштање на атмосферски фронтови од север, во попладневните часови можен е локален развој на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.






Целата прогноза на Поповски може да ја прочитате на следниов ЛИНК.

Поврзани содржини