МАШИНА ЗА СЕНО МУ ЈА ОТСЕКЛА РАКАТА ДО РАМОТО, ТОЈ ЈА ЗЕЛ И ПОБРЗАЛ КОН БОЛНИЦА Ужасна несреќа, неверојатна присебност на млад маж во јужна Србија
Кога машината му ја пресекла раката, тој успеал да стигне до неа и да ја земе, го завиткал крвавото рамо со крпа и отрчал до неговата куќа, која е одалечена 50 метри од местото на несреќата.
Во српското село Грабовница, Куршумлија, машина за балирање сено му ја отсекла раката на 21-годишниот Д. Џ. од тоа село. Во тој момент, младиот човек бил сам на полето.
Во Клиничкиот центар во Ниш лекарите вечерва се обидуваат да му ја сошијат отсечената рака.
Сè се случило попладнево околу 17 часот. Кога машината му ја пресекла раката, тој успеал да стигне до неа и да ја земе, го завиткал крвавото рамо со крпа и отрчал до неговата куќа, која е одалечена 50 метри од местото на несреќата.
– Неговата мајка го донесе во одделот за итни случаи на Здравствениот дом Куршумлија, а ние веднаш го префрливме во болницата во Прокупље, носејќи ја и неговата рака. Таа му беше ампутирана до рамото – вели докторката што го придружуваше, Надица Дељанин.
Таа додава дека младиот човек е исклучително смирен, прибран и храбар.
Кога пристигнале во болницата во Прокупље, каде што нема пластични хирурзи, лекарите му понудиле да останат таму и да му ја санираат раната или да одат подалеку во Клиничкиот центар во Ниш.
– Тој одлучи да се обиде да му ја сошијат раката. Но, во моментот немаше достапни санитетски возила во болницата во Прокупље, па ја повикавме директорката на Здравствениот дом Куршумлија, бидејќи нашиот транспорт е ограничен до Прокупље, и таа одобри да го однесеме во Ниш. Тој е на операциска маса и сите се надеваме на најдоброто – изјави д-р Дељанин за српските медиуми.