ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА НОСИ НЕВРЕМЕ НАД МАКЕДОНИЈА Внимавајте, можни се грмежи и град!

Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд, појава на грмежи и со засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

3

Во текот на денешниот ден, сабота 16 мај, територијата на Македонија ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, Италија.

Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд, појава на грмежи и со засилен ветер од јужен и од југозападен правец.






Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и електрични празнења, со услови за појава на град, пишува македонскиот метеопрогнозер Славчо Поповски на неговата веб-страница Метеоаларм.

Максималните температури денеска ќе се движат во интервалот од 17 до 23 степени, а во Скопје и околината температурата ќе се искачи до 22 степени.

Целата прогноза на Поповски може да ја прочитате на следниот ЛИНК.

ВНИМАВАЈТЕ, СЛЕДУВА НЕВРЕМЕ СО ПОРОЕН ДОЖД И СО СИЛЕН ВЕТЕР Издадени портокалов и жолт аларм од УХМР, еве што значи тоа

Поврзани содржини