КАДЕ ДОСЕГА ГО ИМА ХАНТАВИСУРСОТ И КАКВИ МЕРКИ СЕ ПРЕЗЕМААТ Поради долгата инкубација, карантинот може да трае до 8 недели
Потврдени случаи има и во Шпанија, Велика Британија, САД, Швајцарија, Јужна Африка и други земји. Во неколку држави патници и членови на екипажот се ставени во карантин или под строг здравствен надзор.
Светската здравствена организација соопшти дека се потврдени 11 случаи на хантавирус поврзани со крузерот „Ем-Ви Хондиус“, меѓу кои и три смртни случаи. Девет од заразените се инфицирани со реткиот сој Андите, единствениот вид хантавирус што може ограничено да се пренесува и од човек на човек.
Здравствените власти ширум светот сега трагаат по десетици патници од 12 држави кои по симнувањето од бродот патувале низ повеќе континенти без да знаат дека можеби го носат вирусот. СЗО засега го оценува ризикот за јавното здравје како низок, но предупредува дека ситуацијата може дополнително да се развива поради долгата инкубација на вирусот, која трае од една до осум недели.
Двајца холандски државјани, 70-годишен маж за кој се верува дека е „нултиот пациент“ и неговата сопруга, починаа како последица на хантавирусот. Третиот заразен Холанѓанец е лекар од бродот кој бил итно евакуиран и се лекува во изолација.
Интересно е што во моментов во Холандија е во карантин црногорски државјанин, инаку член на екипажот на крузерот, на кого не му е дозволено да го напушти хотелот во Ајндховен додека не се завршат пропишаните мерки.
Потврдени случаи има и во Шпанија, Велика Британија, САД, Швајцарија, Јужна Африка и други земји. Во неколку држави патници и членови на екипажот се ставени во карантин или под строг здравствен надзор, додека американските власти следат контакти во најмалку седум сојузни држави.
Особено внимание предизвика случајот на Французинка евакуирана од бродот, чија состојба според директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, е „многу критична“. Таа првично не била тестирана за хантавирус, бидејќи симптомите биле припишани на стрес и анксиозност, иако на бродот веќе имало потврдени инфекции и смртни случаи. Дури по наглото влошување на нејзината состојба за време на летот кон Париз, тестовите покажале дека е позитивна на вирусот.
Инфекцијата е потврдена кај двајца Британци. Две лица се самоизолираат дома без симптоми, но мора да избегнуваат контакт 45 дена.
Откако евакуираниот авион слета во Небраска, еден американски државјанин беше позитивен на вирусот, но без симптоми, додека друго лице покажува симптоми и е примено во болница во Атланта. Здравствените службеници во најмалку седум американски држави ги следат контактите, вклучително и оние од комерцијални авиони.
Меѓу загинатите е и германски патник, чие тело беше заробено на бродот со денови пред да биде транспортирано. Во исто време, Швајцарец кој го напушти бродот и патуваше дома со летови преку Јужна Африка и Катар разви симптоми по враќањето и сега е позитивен на сојот на Андите. Тој се лекува во строг карантин во болница во Цирих.
Мрежата на „сомнителни“ контакти се протега низ целата планета: од Јужна Африка и Сенегал. Патниците од овие африкански земји, исто така, се позитивни на смртоносниот сој на Андите. Во Полска едно лице е итно ставено под епидемиолошки надзор и сè уште не покажува симптоми.
Еден евакуиран маж во Грција ќе помине 45 дена во задолжителен болнички карантин, во посебна комора со негативен притисок во Атина. Патници во Данска (еден граѓанин) и Сингапур (две лица) се исто така под строг надзор и самоизолација. Исто така, 38 морнари од Филипините чекаат карантин во Ротердам пред да се вратат дома,
Случаите предизвикаа глобална тревога бидејќи станува збор за редок и потенцијално многу опасен сој на вирусот, а дел од патниците патувале со комерцијални летови низ Европа, Африка, Азија и Северна Америка пред да бидат идентификувани и ставени под надзор.