СКОПЈАНЕЦ ЧУВАЛ ВОЛК КАКО ДОМАШНО МИЛЕНИЧЕ Животното е заловено и ќе биде згрижено во Зоолошката градина

Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја загрозуваат безбедноста на своите сограѓани. Ова не е само неодговорност, туку сериозна опасност за целата околина, објави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

0

Во една скопска населба вечерва беше заловен волк, кој очигледно бил незаконски чуван, со ремче и ланец, како домашно милениче, објави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

За случајот веднаш се известени сите надлежни институции, додаде тој.

„Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја загрозуваат безбедноста на своите сограѓани. Ова не е само неодговорност, туку сериозна опасност за целата околина“, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Волкот во моментов се згрижува од страна на службите на Скопската зоолошка градина, додаде градоначалникот.

„Очекувам институциите очекувам да ги преземат сите неопходни мерки и целосно да го расчистат случајот. Во Скопје мора да има ред! Мора да изградиме похумано, побезбедно и одговорно општество во кое законите важат за сите, а животните се третираат со грижа, а не како предмет за нечие иживување“, вели Ѓорѓиевски.

 

Поврзани содржини