ИРАН СО НУКЛЕАРНА ЗАКАНА Ако САД нападнат, ураниумот може да натежне

Иранскиот парламент најави дека ќе разгледа збогатување на ураниум до 90 %, ниво потребно за нуклеарно оружје, ако САД повторно нападнат. Заканата доаѓа додека примирјето меѓу Вашингтон и Техеран опасно се ниша.

213

Иран се закани дека би можел да почне збогатување на ураниум до 90 % ако САД повторно извршат напад.

Заканата доаѓа од пратеникот Ебрахим Резаи, портпарол на парламентарниот комитет за национална безбедност и надворешна политика.

„Една од опциите на Иран во случај на уште еден напад би можела да биде збогатување од 90 %. Ќе го анализираме тоа во парламентот“, напиша Резаи.

Нуклеарните централи обично користат ураниум збогатен од 3 до 5 %. За нуклеарно оружје потребно е ниво од околу 90 %.

Токму затоа новата порака од Техеран се смета за сериозна ескалација.

Можни се нови напади на САД?

Заканата доаѓа откако американските медиуми објавија дека претседателот на САД Доналд Трамп размислува за нови удари врз Иран.

Според извештаите, целта е да се ослаби позицијата на Техеран во преговорите.

„Примирјето е на апарати“

Трамп претходно изјави дека примирјето со Иран е „на апарати за одржување во живот“.

– Би го нарекол најслаб во моментов, откако ги прочитав глупостите што ни ги испратија – изјави Трамп пред новинарите.

Теснецот пaк во фокус

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Марко Рубио разговарал со британски и австралиски претставници за безбедноста во Ормускиот Теснец.

Стејт департментот соопшти дека темата била „враќање на слободата на пловидба“.

Поврзани содржини