ТЕТОВЕЦ УАПСЕН ЗА ДЕМНЕЊЕ Со месеци следел и вознемирувал сограѓанка

Осомничениот бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.

0

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 11 мај во 14:10 часот на улицата „Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.А. (66) од Тетово.

Според пријавата, тој од почетокот на 2025 година следел 51-годишна жена од Тетово и ѝ испраќал пораки со несоодветна содржина поврзани со нејзиниот приватен живот.

Осомничениот бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.

Поврзани содржини