КАНАДА ВОВЕДЕ НОВИ САНКЦИИ КОН РУСИЈА Отава ѝ ја поскапува на Москва војната на против Украина

Канадските санкции се насочени кон руската одбранбена индустрија, како и кон учесници вклучени во развојот на технологии за балистички ракети и руски кибер операции. 

0

Kанада одлучи да воведе дополнителни санкции врз Русија за дополнително да ја зголеми економската цена на војната што Москва ја води против Украина, рече шефицата на канадската дипломатија Анита Ананд, на маргините на средбата на Г-7 во Париз.

Во соопштението на канадското Министерство за надворешни работи се наведува дека „на списокот на санкции се додадени 38 субјекти и 24 поединци, со цел дополнително да се ограничат воените капацитети на Русија“.






Канадските санкции се насочени кон руската одбранбена индустрија, како и кон „учесниците вклучени во развојот на технологии за балистички ракети и руски кибер операции“.

Поврзани содржини