ПРЕМИЕРОТ НА ФИНСКА РАСПАЛИ ПО ЕУ „Признајте, не успеавте да ја изолирате Русија!“

Премиерот на Норвешка со обвинувања им возврати на европските лидери кои го критикуваа поради разговорот со Путин. Тој предупреди дека со одбивањето на дијалогот Европа му го препушта главниот збор на Вашингтон.

0

Европа не успеа да го изолира Кремљ, а со одбивањето директни разговори со Москва ризикува да остане настрана од преговорите за Украина. Ова е пораката на норвешкиот премиер Јонас Гар Стере, кој се бранеше од критиките за својата одлука телефонски да разговара со рускиот претседател Владимир Путин.

– Тесно соработуваме со нашите европски партнери во поддршката на Украина, но единствениот глас што допира до Москва доаѓа од Вашингтон – изјави Стере во интервју за „Политико“.






Норвешкиот премиер смета дека Европа не може бесконечно да чека војната да заврши без самата да разговара со руското раководство.

– Да живееме од месец во месец, мислејќи дека оваа војна ќе заврши така што Европа нема да разговара со Москва, според мене е илузија – порача Стере.

Неговите изјави следуваат по телефонскиот разговор на 27 октомври, кога заедно со финскиот претседател Александар Стуб разговараше со Путин. Целта била директно да се пренесат европските пораки во пресрет на дипломатските напори за завршување на војната во Украина.

Разговорот предизвика несогласувања меѓу европските сојузници. Особено остри критики пристигнаа од Данска, чија премиерка Мете Фредериксен смета дека контактот со Москва не бил доволно усогласен со останатите партнери.

Стере не прифати дека за ваков разговор морал да добие одобрение од сите европски влади.

– Не побаравме дозвола. Се консултираме меѓусебно во нордиското семејство, но тоа не значи дека ни треба согласност од сите нордиски земји или од 27 европски држави – изјави норвешкиот премиер.

Финска и Норвешка го организирале разговорот во консултација со Украина, а двете земји нагласиле дека продолжуваат со поддршката за Киев. Нивната иницијатива повторно го отвори прашањето кој треба да ја претставува Европа во евентуалните преговори со Москва.

Поврзани содржини