МИНИСТЕРКАТА НА РАДЕВ ГО КРОЕЛА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ Чамова ќе ја води бугарската дипломатија
Велислава Петрова – Чамова, која како заменик-министерка учествувала во подготовката на францускиот предлог, стана нова министерка за надворешни работи на Бугарија.
Велислава Петрова – Чамова, новата министерка за надворешни работи на Бугарија. За нега малку се знае освен дека е креаторкаа на содржината на францускиот предлог од 2022 година. Како заменик-министерка во владата на Кирил Петков, таа беше директно вклучена во изработката на овој документ со кој се блокираа евроинтеграциите на Македонија.
Преговарачката рамка беше усвоена во јуни 2022 година и предвидуваше внесување на Бугарите во преамбулата на Уставот.
