ЗЕЛЕНСКИ И ФОН ДЕР ЛАЈЕН СЕ КАРАЛЕ ЗА ПАРИ ВО ЊУЈОРК Брисел бара реформи пред да даде милијарди

Средбата во седиштето на ОН била „тензична“, објави Блумберг повикувајќи се на извор запознаен со разговорите. Украина бара пари за буџетската дупка, додека ЕУ очекува закони против сивата економија, поголеми даночни приходи и усогласување со европското законодавство.

0

Претседателот на Украина Володимир Зеленски и шефицата на ЕУ Урсула фон дер Лајен имале тензична средба во Њујорк околу дополнителната финансиска помош за Украина.

Киев се обидува да затвори огромна дупка во буџетот и бара побрз пристап до европските милијарди, додека Брисел испраќа порака дека дополнителната буџетска поддршка ќе оди паралелно со реформите во украинскиот парламент.






Зад дипломатските формулации стојат огромни суми. Украина проценува буџетски недостиг од околу 26-27 милијарди евра, а ЕУ веќе воспостави заем од 90 милијарди евра за украинските буџетски и одбранбени потреби во 2026 и 2027 година.

Според Блумберг, европските претставници очекуваат Киев да напредува со закони за сузбивање на сивата економија, зголемување на даночните приходи и приближување кон законодавството на ЕУ пред дополнителната буџетска помош.

Фон дер Лајен по средбата јавно ја поврза идната поддршка со реформите во Врховната рада во Украина.

Таа соопшти дека за оваа календарска година остануваат достапни уште 37 милијарди евра од заемот.

Од кабинетот на Зеленски тонот беше поинаков. Таму соопштија дека двајцата разговарале за финансиската издржливост на Украина во 2026 и 2027 година и дека нивните тимови ќе работат на дополнителни начини за финансиска поддршка. Киев истакна и дека ги исполнува преземените обврски во рамките на заемот.

Европската комисија само неколку дена претходно исплати 3,3 милијарди евра за украински набавки на беспилотни летала и ракети.

Со таа транша, исплатите на Комисијата за Украина во 2026 година достигнаа речиси 15 милијарди евра.

Поврзани содржини