ПАЃАА КАКО ШТО ПЕПЕРУТКА ПАЃА ВО СВОЈОТ ГРОБ! Трамп раскажува како бил одбиен иранскиот напад со дронови
„Нормална земја би им дозволила на овие разорувачи да поминат, но Иран не е нормална земја. Тие се предводени од ЛУДАЦИ“ – напиша американскиот претседател.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека три разурнувачи на американската морнарица биле под оган додека минувале низ Ормуската Теснина.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ наведе дека разурнувачите не претрпеле штета, но дека им биле нанесени „сериозни загуби на иранските напаѓачи“.
„Три американски разорувачи од светска класа штотуку транзитираа, многу успешно, од Ормуската Теснина, под оган. Немаше штета на трите разорувачи, но голема штета беше нанесена на иранските напаѓачи. Тие се целосно уништени заедно со бројни мали бродови, кои се користат за да ја заменат нивната целосно обезглавена морнарица. Овие бродови отидоа на дното на морето, брзо и ефикасно. Ракетите беа испукани кон нашите разорувачи и лесно беа соборени. Слично на тоа, дојдоа и беспилотни летала и беа согорени додека беа во воздух. Тие паднаа толку убаво во Океанот, многу слично како пеперутка што паѓа во својот гроб! Нормална земја би им дозволила на овие разорувачи да поминат, но Иран не е нормална земја. Тие се предводени од ЛУДАЦИ, и ако имаа можност да користат нуклеарно оружје, ќе го стореа тоа, без прашање – Но, тие никогаш нема да имаат таква можност и, исто како што ги нокаутиравме повторно денес, ќе ги нокаутираме многу посилно и многу понасилно, во иднина, ако не го потпишат својот договор, БРЗО! Нашите три разорувачи, со нивните прекрасни екипажи, сега повторно ќе се приклучат на нашата поморска блокада, која е навистина „челичен ѕид“ – напиша американскиот претседател на неговата социјална мрежа.
Претходно, американската војска соопшти дека нападнала „ирански воени цели“ откако три нејзини пловни објекти биле нападнати додека минувале низ Ормуската Теснина кон Заливот.