УЕФА МУ ДОВЕРИ ГОЛЕМА ФУНКЦИЈА НА МАКЕДОНЕЦ Даневски ќе ги спрема тренерите на сите 55 федерации

Националниот кондиционен тренер на фудбалските судии од 1 јули станува главен фитнес тренер на елитните судии на УЕФА. Даневски ќе биде задолжен за физичката подготовка и координацијата на тренерите од 55 европски федерации.

130

Големо признание и за македонската судиска организација. Фудбалската федерација на Македонија објави дека Сашо Даневски е назначен за главен фитнес тренер на елитните судии на УЕФА.

Со новата функција, Даневски од 1 јули ќе ја преземе одговорноста за физичката подготовка и мониторингот на најдобрите европски судии.

Даневски со години работи во системот на УЕФА. Кариерата ја почнал како асистент тренер на курсеви за млади судии, а подоцна бил дел од семинари и програми за елитни арбитри.

Бил ангажиран и на UEFA EURO 2024 и UEFA Women’s EURO 2025.

Покрај работата со елитните судии, Даневски ќе има и лидерска улога во координацијата на кондиционите тренери од 55 национални асоцијации членки на УЕФА.

Досега учествувал на 33 семинари и работилници на УЕФА. Како експерт на ФФМ бил ангажиран и во Швајцарија, Србија, Црна Гора и Саудиска Арабија.

Во соопштението на ФФМ се нагласува и поддршката од претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, за развојот на судискиот кадар.

Поврзани содржини