📽️ ВАРДАР ЈА ВРАТИ ТИТУЛАТА ВО СКОПЈЕ Пелистер „потона“ во „Јане Сандански“

„Црвено-црните“ го декласираа Еурофарм Пелистер со 34-19 и на три кола до крајот ја обезбедија 16-тата шампионска титула. Битолчани допатуваа со комбиниран состав, а „Чкембари“ не се појавија во „Јане Сандански“.

0

РК Вардар повторно е шампион на Македонија. „Црвено-црните“ вечерва го прегазија Еурофарм Пелистер со убедливи 34-19 во меч што воопшто не наликуваше на дерби.

Титулата по три години пауза повторно се враќа во Скопје.

Пелистер дојде со втор состав

Битолчани настапија со комбиниран тим, а Вардар тоа максимално го искористи. Домаќините уште од стартот наметнаа силно темпо и на полувреме водеа со 18-12.

Во второто полувреме разликата само растеше.

„Чкембари“ ги немаше, имаше порака

Гостите немаа ни организирана поддршка од трибините.

На местото каде обично стојат „Чкембари“ се појави транспарент со порака:

„Одј..бете“.

Пораката беше насочена кон слабите игри на тимот сезонава.

16-та титула и двојна круна

Со новите два бода Вардар стигна до недостижни осум бода предност пред Охрид на три кола до крајот.

Ова е 16-та шампионска титула за клубот.

Вардар сезонава ја освои и двојната круна, откако претходно триумфираше и во Купот.

Најефикасен кај Вардар беше Урош Митровиќ со седум гола.

Јака Малус додаде 6 погодоци, а голманот Гогов имаше 4 одбрани, од кои 3 седмерци.

Поврзани содржини