66-ГОДИШЕН РИБАР СЕ УДАВИ ВО ВАРДАР Трагичен инцидент кај Неготино

Ј.К од Неготино, кој заминал на риболов, паднал во Вардар, кај село Црвени Брегови, по што околу 20 часот неговото тело било пронајдено и извлечено од водите на реката.

0

Неготинец се удавил во Вардар кај неготинско Црвени Брегови, оваа информација денеска ја потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица во Неготино и Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Синоќа околу 20 часот во водите на реката Вардар, во неготинско, пронајдено е телото на Ј.К., 66-годишник од Неготино. На 03.07.2026 во 15:55 часот во ОВР – Неготино, Ѓ.К., на возраст од 42 години од Неготино, пријави дека се сомнева дека неговиот татко Ј.К., 66-годишник од Неготино, кој заминал на риболов, паднал во реката Вардар, кај село Црвени Брегови, неготинско, затоа што бил недостапен, а кога тргнал да го бара, дел од опремата за риболов пронашол во реката – појаснија од СВР – Велес.






Веднаш од страна на полициски службеници од ОВР – Неготино, неготинската Територијална противпожарна единица, Дирекцијата за заштита и спасување и други лица биле преземени мерки за пронаоѓање на Ј.К., по што околу 20 часот било пронајдено телото и извлечено од водите на реката Вардар.

Лекар од Итна медицинска помош – Неготино констатирал смрт без траги на насилство и по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.

Поврзани содржини