И ВО МАРТ Е НАМАЛЕН БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИ ВО ИНДУСТРИЈАТА Од рударството се одлеале 7% од работниците во март

Раст на бројот на работници е забележан во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 0,6%.

59

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – март 2026 година во однос на периодот јануари – март 2025 се намалил за 3,3%, а во март 2026 во однос на март 2025 година за 2,8%, соопшти Државниот завод за статистика.

Според овие податоци, бројот на работниците во март 2026 година, во однос на март 2025 година, во секторот „рударство и вадење камен“ се намалил за 6,9%, а во „преработувачка индустрија“ за
2,8%. Раст на бројот на работници е забележан во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 0,6%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2026 година, во однос на март 2025 година, се намалил во групите Енергија за 2,1 %, Капитални производи за 3,6%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,4% и Интермедијарни производи, освен Енергија, за 2,9%, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 1,0%.

Поврзани содржини