СО ПАТЕРИЦИ, АМА НА ШТИКЛИ Линдзи Вон блесна на ексклузивната забава на Џеф Безос и Лорен Санчез во Њујорк

Иако во последните месеци се опоравува од сериозна повреда на ногата поради која мора да оди со патерици, поранешната олимписка шампионка Линдзи Вон никогаш не прави модни компромиси.

97

Во последните денови, познатата скијачка, Линдзи Вон, се почесто се појавува во јавноста во ефектни модни изданија, а по црвениот костум во кој пристигна со патерици на снимање на емисија во Њујорк и доби комплименти, сега повторно воодушеви со својот моден избор.

Таа блесна на ексклузивната забава во Њујорк која ја организираа Џеф Безос и Лорен Санчез воочи Мет Гала.

Иако во последните месеци се опоравува од сериозна повреда на ногата поради која мора да оди со патерици, поранешната олимписка шампионка Линдзи Вон никогаш не прави модни компромиси.
На престижната забава воочи Мет Гала, таа се појави во облека која совршено ја отелотворува луксузната едноставност, но и најголемиот тренд на годината – чоколадно кафеавата боја.

Минимализам со максимален ефект

Линдзи за оваа пригода избра тесен и долг фустан, изработен од малку светкав, еластичен материјал. Со долги ракави и затворено деколте, овој фустан докажува дека зимската загасита палета беспрекорно се префрли во пролетната сезона.

Според модните експерти, чоколадно кафеавата стана „новата црна“, боја што зрачи со дискретна елеганција и таканаречен тивок луксузен дух.

Впечатливи детали што прават разлика

За да ја „разбие“ монотонијата на една боја и визуелно да го нагласи струкот, Вон го искомбинира фустанот со широк, робустен темно кафеав ремен со впечатлива, златна XL тока. Овој детаљ му даде на целиот изглед мал винтиџ допир и совршено се вклопуваше со нејзиниот елегантен, машки рачен часовник.

Таа ја заокружи комбинацијата со класични чевли со тенки штикли од црна лакирана кожа, со тенка и остра потпетица. Иако одењето во високи потпетици со помош на патерици звучи како невозможна мисија, Линдзи го направи тоа со широка насмевка, подготвена за долгоочекуваното одење по познатите скали на Мет музејот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Scoop Hunters (@thescoopinbox)

Поврзани содржини