СЕ КОМПЛЕТИРА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА ЗА НИКОЛА ГРУЕВСКИ Министерството за правда вели дека случајот законски ќе го процесира
Министерството за правда нема надлежност да ги преиспитува правосилните судски одлуки, туку е должно да постапува по нив – се вели во соопштението.
Министерството за правда соопшти дека постапува исклучиво согласно законите и меѓународните договори и дека во однос на случајот со Никола Груевски, се преземаат сите потребни чекори за комплетирање на документацијата и нејзино соодветно процесирање во рамки на законската процедура.
„Собирањето информации од надлежните судови има за цел да обезбеди целосна и точна правна основа за понатамошно постапување. Министерството нема надлежност да ги преиспитува правосилните судски одлуки, туку е должно да постапува по нив.
Воедно, нагласуваме дека сите постапки се водат низ институционален процес и во соработка со надлежните органи на Унгарија, без влијание на политички изјави или квалификации“ – се вели во соопштението на Министерството за правда.