МАЖОТ ГО ЗАДУШИЛЕ СО ПЕРНИЦА, ЖЕНАТА ПОЧИНАЛА ОД СИЛНИТЕ УДАРИ Убијците од Ѓорче Петров го продале украденото злато во Стара чаршија

Со оглед на тоа што жртвите при разбојништвата со умисла биле лишени од живот, истрагата е поведена за тежок облик на кривичното дело, за кој е запретена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

255

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека биле созивршители во две кривични дела – Разбојништво од член 237 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во првиот настан, во раните утрински часови на 22 октомври, насилно влегле во куќа во Хром, сопственикот го врзале за рацете и нозете, почнале да го удираат по главата и телото и го задушиле со перница. Потоа пребарувале и претурале низ куќата, од каде одзеле пари и златен накит во вкупна вредност од 300.000 денари.






Истиот ден во попладневните часови, еден од осомничените ги зел останатите со неговотo возило и ги однел до златарница во Старата скопска чаршија каде го продале златото за износ од 2.840 евра.

Ноќта меѓу 26 и 27 октомври осомничените влегле во куќа во Ѓорче Петров, каде со употреба на физичка сила ја нападнале сопственичката, почнале да ја удираат по главата и по телото, ѝ ги врзале рацете, нозете и устата и ја внеле во купатилото.

Жртвата починала од ударите, а тие од куќата одзеле пари, накит и вредни предмети, во вкупна вредност од околу 200.000 денари. На сличен начин како и првиот пат, украдениот златен накит го продале.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени. Определен им е притвор од 30 дена на за да се оневозможи уништување докази, попречување на истрагата, бегство…

Претходно на четворицата осомничени на два пати им беше продолжуван притоворот по 48-часа.

Обвинителството продолжува со истрагата за двата случаи и со прибирање докази. Во тек се и ДНК-вештачења, чии резултати треба да бидат дел од доказниот материјал.

Во врска со случаите беа приведени А.С. (22), Х.Е. (20) и К.А. (58), сите од Скопје, како и М.Р. (26) од Струмица. Полицијата ги поврза со двата настана.

Со оглед на тоа што жртвите при разбојништвата со умисла биле лишени од живот, истрагата е поведена за тежок облик на кривичното дело, за кој е запретена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Поврзани содржини