СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА ПРИГОВОРИ ЗА КАЗНИТЕ ОД „СЕЈФ СИТИ“ Во април поднесени 38 приговори до Кривичниот суд
Во април 2026 година до Основниот кривичен суд Скопје се поднесени вкупно 38 приговори, односно барања за поведување прекршочна постапка пред суд, од кои 6 се приговори од правни лица и 32 се приговори од физички лица, соопшти Кривичниот суд.
Се намалува бројот на возачите што поднесуваат приговори за изречените казни од системот „Сејф сити“, информира Кривичниот суд.
„Кривичниот суд Скопје ја известува јавноста дека бројот на граѓаните и на правните лица кои не ја прифаќаат одговорноста за сторениот сообраќаен прекршок и кои поднесуваат приговор до надлежниот суд, во четвртиот месец е значително намален. Исто така, веќе се завршуваат предметите по претходно поднесените приговори. Во април 2026 година до Основниот кривичен суд Скопје се поднесени вкупно 38 приговори, односно барања за поведување прекршочна постапка пред суд, од кои 6 се приговори од правни лица и 32 се приговори од физички лица“, соопшти Кривичниот суд.