📽️ БЕЛАТА КУЌА ОБЈАВИ ШОКАНТНО ВИДЕО Трамп цел час потворува само еден збор

Белата куќа објави едночасовно видео на социјалната мрежа X во кое Доналд Трамп постојано го повторува зборот „победа“, додека на Блискиот Исток продолжуваат тензии околу Иран и Ормутскиот теснец.

867

Белата куќа објави видео на платформата X во кое американскиот претседател Доналд Трамп цели 60 минути го повторува зборот „победа“, што веднаш предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

Во описот на видеото стои: „Претседателот Доналд Трамп вели ‘победа’ еден час. Тој не може да запре, тој нема да запре“.

 

Објавата доаѓа во период на засилени тензии околу Иран, откако Трамп го отфрлил новиот предлог од Техеран за завршување на војната. Според ирански функционер, предлогот предвидува отворање на Ормутскиот теснец за бродови и укинување на блокадите, додека нуклеарните преговори би биле одложени за подоцнежна фаза.

Истиот извор наведува дека Иран смета дека ова би можело да биде чекор кон деескалација, но Вашингтон засега не прифаќа компромис.

Во меѓувреме, од иранскиот парламент се најавуваат и нови мерки, меѓу кои нацрт-закон за ограничување на пловидбата низ Ормутскиот теснец, со кој би се забранило минување на израелски бродови и би се вовеле дополнителни рестрикции за пловила од „непријателски држави“.

Поврзани содржини