МУ СЕ РАСИПАЛ МОТОРОТ И ЗАГЛАВИЛ НА ПЛАНИНА Чешки турист извлечен од непристапен терен
Чешки државјанин побарал помош откако му се расипал мотоциклот, а службите го пронашле и безбедно го извлекле.
Чешки државјанин бил успешно спасен откако останал заглавен со мотоцикл во планински предел во близина на демиркапиското село Страмашево.
Според информациите од МВР, станува збор за В.Б. (46) од Чешка, кој на 1 мај побарал помош откако поради дефект на мотоциклот не можел да го напушти непристапниот терен.
По пријавата, полициски службеници од ОВР Неготино, заедно со припадници на Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Територијалната противпожарна единица Неготино, веднаш излегле на терен и започнале пребарување.
По кратка акција, лицето било пронајдено и безбедно извлечено, а според информациите, било во добра здравствена состојба.