СКАРИТЕ ОВАА ГОДИНА ЌЕ СЛУЖАТ И ЗА ГРЕЕЊЕ? За првомајските празници значително постудено време
Температурите ќе бидат значително пониски од просечните, дури за 10 до 15 степени.
Територијата на Македонија на 1. и на 2. Мај 2026 (петок и сабота) ќе се наоѓа под влијание на ладна воздушна маса која се спушта директно од Арктикот до нашиот дел од Европскиот Континент, пишува македоснкиот метеопрогнозер Славчо Поповски на неговиот портал Метеоаларм.
Во ваква ситуација времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, а на планините со надморска височина од над 1500/1600 метри ќе провејува снег. Исто така ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Температурите ќе бидат значително пониски од просечните, дури за 10 до 15 степени.
Целата апрогноза на Поповски може да ја прочитате на следниот ЛИНК.