КАКО СЕ KАЛЕШЕ ГОВОРОТ ЗА КРАЛОТ ЧАРЛС ВО КОНГРЕСОТ Тимската работа вроди брилијантен плод

Ваквите говори се тимска работа. Добрите говорници одлично го познаваат карактерот на личноста за која пишуваат. Првата верзија на говорот ги поставува државните, дипломатските и трговските цели. Бакингемската па без простор за грешки.лата, Даунинг стрит и Форин офис работеле синхронизирано. Клучната фигура во овој потфат е личниот секретар на кралот, сер Клајв Олдертон, кој посредува меѓу нив.

146

Доналд Трамп го нарече „фантастичен“, демократите аплаудираа на спомнувањата на Магна карта, а заедничката седница на американскиот Конгрес го поздрави говорот со долги овации.

Обраќањето на кралот Чарлс пред американските законодавци, иако формално непартиско, не бегаше од политиката. И, иако претседателот не се навреди – Одржа одличен говор, бев многу љубоморен – рече Трамп – јасно насочените алузии на теми кои тој претходно ги омаловажувал не ѝ промакнаа на американската јавност.

„Под слојот на шеги и протокол, кралот Чарлс испрати суптилни критики кон Трамп – пишува „Вашингтон пост“ во наслов. „Кралот Чарлс повикува на контрола врз извршната власт – наведува „Њујорк тајмс“.

– Фактот дека говорот на Чарлс беше толку внимателно склопен и изнесен со топлина и шарм, сам по себе претставуваше тивок укор за расфрланите и недисциплинирани јавни настапи на самиот претседател Трамп – оценува професорот Филип Марфи (Philip Murphy) од Универзитетот во Лондон.

Политичка порака под дипломатски плашт

Со оглед дека „специјалните односи“ меѓу Обединетото Кралство и САД се видливо разнишани, многу зависеше од овој говор – најзначајниот во досегашното владеење на Чарлс.

Во него се нагласува важноста на НАТО, се повикува на континуирана поддршка за Украина и се предупредува на ризиците од изолационизмот. Спомнувањата на Магна карта и принципот дека извршната власт мора да биде ограничена со систем на „проверки и балансирање“ беа дочекани со ентузијастички аплауз од демократите.

Фото: Белата куќа

Посебно одекна цврстото инсистирање на „мојот премиер“, Кир Стармер, кого Трамп јавно го навредуваше, како и кралската наклонетост кон британскта Кралската морнарица, која Трамп ја исмејуваше во своите изјави поврзани за војната во Иран.

– Тешко е да се замисли дека можел да оди подалеку – и во кажаното, и во премолченото. Одлично е одмерен: многу храбро, многу паметно, многу прецизно – вели историчарот Ентони Селдон (Anthony Seldon), оценувајќи го говорот како „исклучителен“.

Како се коваше говорот

Ваквите говори се тимска работа. Добрите говорници одлично го познаваат карактерот на личноста за која пишуваат.

Клучната фигура во овој потфат е личниот секретар на кралот, сер Клајв Олдертон (Clive Alderton) – главниот посредник со „Број 10“ (No 10, односно Даунинг стрит 10 – седиштето на британската влада). Олдертон е искусен дипломат и поранешен амбасадор, кој го советувал Чарлс уште како принц од Велс, а сега и како крал, координирајќи се со Форин офисот, британското Министерство за надворешни работи.

Првата верзија на говорот ги поставува државните, дипломатските и трговските цели. Бакингемската палата, Даунинг стрит и Форин офис работеле синхронизирано – без простор за грешки.

Во процесот биле вклучени и Тео Рајкрофт (Theo Rycroft) и Тобин Андреа (Tobyn Andreae), додека од американска страна ставовите на Белата куќа дискретно ги пренесувале Кристијан Тарнер (Christian Turner) и Џејмс Роско (James Roscoe).

Нацртите се усогласувале до последен момент, а самиот крал активно интервенирал – со рачни забелешки, додавања и бришења.

Суптилни пораки, долгорочен ефект

Говорот содржеше и хумор, кој ја олесни тежината на пораката. Според Марфи, резултатот бил прифатлив за голем дел од американската политичка елита – ако не и за администрацијата на Трамп.

Но, ефектот не треба да се мери веднаш.

– Трамп веќе во понеделник ќе биде пак – Трамп – вели Селдон.

– Вистинското влијание се мери долгорочно: како ќе постапуваат републиканците и демократите во иснина; како ќе гледаат на НАТО, на војната во Украина, на унилатералното однесување на САД и на проширувањето на извршната власт надвор од рамките што ги замислиле основачите на државата – Мора да се гледа на долг рок. Повеќе од ова не можеше – додава тој.

Фото: EPA/Yuri Gripas

Биографот Џонатан Димблби (Jonathan Dimbleby) смета дека говорот содржел скриен укор кон трампизмот и елоквентен повик за зачувување на демократијата и владеењето на правото.
Тој додава дека односите меѓу Европа и САД се поважни од кога било.

– Нема ништо во говорот што „Број 10“ не би го одобрил; голем дел е изработен токму од владата и Форин офис – изјави Димблби за Би-би-си.

Поранешниот амбасадор Ким Дарок (Lord Darroch) оценува дека говорот бил храбар, одлучен и навистина одличен – иако без директни напади, полн со индиректни укори. Тој ги посочува темите како климатските промени и поддршката на НАТО за САД по нападите на 11 септември како суптилни сигнали, спротивни на ставовите на Трамп.

Реакции од републиканците

Републиканскиот конгресмен Мајкл Баумгартнер (Michael Baumgartner) оцени дека Чарлс завршил одлична работа за Велика Британија, но воедно додаде:

– Не се важни зборовите, туку делата. Ќе треба да видиме конкретни чекори од британскиот народ за исполнување на тие ветувања. Во кралот видовме токму тоа што традиционално го очекуваме од Велика Британија – рече Баумгартнер.

📽️ КРАЛОТ ЧАРЛС ТРЕТИ МУ ОДРЖА ЛЕКЦИЈА НА ДОНАЛД ТРАМП Брилијантниот британски хумор го освои Конгресот

 

 

Поврзани содржини