📷 НАПИШАЛ ЗАКАНИ, ЦРТАЛ СВАСТИКИ, ГИ ДЕМОЛИРАЛ ТОАЛЕТИТЕ… Директорот очекува брзо да ја санираат штетата по вандализмот во училиштето „Ванчо Прке“ во Штип
Ги демолирал тоалетите, цртал свастики и пениси по ѕидовите, искршил повеќе компјутери, напишал закани и ги пуштил сите чешми да тешат – непознат маскиран сторител ноќеска го вандализирал основното училиште „Ванчо Прке“ во Штип при што предизвикал голема материјална штета.
Ги испркал камерите со спреј за да не биде снимен.

Според локалните медиуми, тој во објектот се движел со долг нож.
Учениците утрово беа ослободени од наставата, а родителите во Штип се возменирени.

Директорот Кокан Радев во изјава за медиумите рече дека вандалот влегол во училиштето преку фискултурната сала. Тој додаде дека најмногу се оштетени кабнетите од предметната настава.

– Имаме три слободни дена пред нас и се надеваме дека ќе го оспособиме училиштето за настава од понеделник – рече директорот Радев.

Полицијата два часа вршеше увид во објектот.
„На 30.4.2026 година, во 6:18 часот, во СВР Штип е пријавено дека во основно училиште на подрачјето на Штип, едно лице насилно влегло во просторија на училиштето, при што оштетило дел од инвентарот (монитори) и испишало графит со недолична содржина. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.