НЕ ГО ВИДЕЛЕ НИТУ ЕРУСАЛИМ, НИТУ ПАРИТЕ Измама со туристички аранжман тешка 87.000 денари

Двајца жители од ресенско пријавиле дека биле измамени при обид да отпатуваат во Ерусалим, откако уплатиле значителна сума пари во туристичка агенција, а патувањето никогаш не се реализирало.

161

Според информациите од полицијата, 34-годишна жена и 35-годишен маж во февруари годинава извршиле онлајн уплата во висина од 86.680 денари за туристички аранжман. Патувањето било планирано за период кога, според нивните наводи, дополнително било отежнато и поради безбедносната состојба на Блискиот Исток, односно поради војната во Заливот, поради што на крајот и било откажано.

Сепак, тие се сомневаат дека станува збор за класична измама, бидејќи, како што пријавиле, агенцијата не обезбедила никаква реализација ниту поврат на средствата.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини