ИМА ВРЕМЕ ЗА БРИСЕЛ, ПРВО ПРОШЕТКА ВО ТАЈЛАНД По толку време добро владеење, министерот Арбен Фетаи заслужи малку добра забава

Премиерот Мицкоски неодамна потврди дека Фетаи лично му кажал дека заминува од Владата и дека неговата следна дестинација е Брисел.

1,131

Вицепремиерот задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, преку социјалните мрежи сподели фотографија од Тајланд, со што самиот потврди дека не е во земјава и дека не ги извршува редовните работни обврски.

Фотографијата, објавена од Бангкок, го прикажува Фетаи во лежерно издание, што дополнително ги засили перцепциите дека станува збор за приватно патување, а не за службена посета.

Неговото отсуство од владините активности не е ново. Подолг период тој не присуствува на седници и не се појавува на работното место, што во јавноста отвори дилеми околу неговиот статус во извршната власт.

Дополнително, министерот за здравство Азир Алиу веќе потврди дека Фетаи извесно време не е присутен и дека не комуницира редовно со владините структури, што само ги засили шпекулациите за неговата улога и иднина во Владата.

Иако официјално не е разрешен од функцијата, ниту има поднесено оставка, во јавноста сè погласно се поставува прашањето дали неговото отсуство е привремено или најавува целосно повлекување од владините позиции.

Премиерот Христијан Мицкоски неодамна изјави:

„Разговаравме јас и Фетаи лично. И тој лично ми пренесе дека во иднина не се гледа повеќе во Владата која што јас ја предводам. Тоа беше пред неколку недели. Тој рече дека ќе се врати во Брисел, имајќи го предвид неговото образование, искуство во рамките на институциите во Брисел”.

Премиерот додеде дека смета дека тоа би била добра можност тој да биде некаков специјален пратеник во рамките на Европскиот парламент, на бриселската администрација.

Поврзани содржини