ФИЛИПЧЕ СЕ ИСПОКАРА СО НОВИНАРИ И СО МЕДИУМИ, ТОЈ ЛИ НАЈДЕ ДА ЗБОРУВА ЗА СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТЕ Односот му е крајно арогантен, срамен и безобразен

ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека ако продолжи арогантниот однос на Венко Филипче од СДСМ кон медиумите, следната година Македонија ќе биде уште пониско во Индексот за слобода на медиуми на Репортери без граници.

458

Венко Филипче најде да говори за слободата на медиумите и извештајот на Репортери без граници, се најде за кредибилен и легитимен на оваа тема, а нема медиум, портал и новинар со кого не се скара, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Односот на Филипче и на СДСМ кон медиумите, по насока на пи-ар шефот на куќниот пријател на Зоран Заев, Зоран Башановиќ, е крајно арогантен, срамен и во одредени случаи и безобразен. Филипче треба да си стави прст на чело и да размисли што прави со новинарите и со медиумите и дали тој негов однос е правилен. Доколку смета дека така треба, следната година уште надоле ќе одиме“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче на платформата Икс објави дека со Христијан Мицкоски Македонија падна за 3 места во Индексот за слобода на медиуми на Репортери без граници, а во објавата продолжи со обвинувања кон медиумите.

„Сега сме во групата земји со проблематична состојба. Ова е уште еден доказ како Орбановата медиумска мрежа во служба на Мицкоски „исполнува“ една од клучните реформски точки за ЕУ – слобода на медиуми. Цела мрежата, особено Алфа ТВ, сигурно е многу горда на овие резултати. Браво! Доаѓа времето на вистината“, објави претседателот на СДСМ.

Поврзани содржини