ДОАЃА СТУДЕН БРАН СО ДОЖД И СНЕГ Врнежи, засилен ветер и пад на температурите низ Македонија
Влажна и студена воздушна маса носи обилни врнежи, засилен северен ветер и значителен пад на температурите, со снег на планините.
Под влијание на влажна и студена воздушна маса, времето ќе биде значително нестабилно, со облаци, врнежи и засилен северен ветер низ поголемиот дел од земјата.
Се очекуваат врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни и ќе достигнат од 15 до 20 литри на квадратен метар. Со продорот на постуден воздух од север, на повисоките планински подрачја дождот постепено ќе преминува во снег.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе достигнува брзина и над 60 километри на час, што дополнително ќе го засили чувството на студ.
Утринските температури ќе се движат од 4 степени во Маврово до 10 степени во Гевгелија, додека дневните ќе бидат во интервал од 10 степени во Берово до 18 степени во Гевгелија.
Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и засилен северен ветер. Температурата ќе се движи меѓу 10 и 13 степени.
Во следните денови времето ќе остане променливо и посвежо. Ќе има сончеви периоди, но и услови за повремени врнежи од дожд, проследени со умерен до засилен северен ветер.
Температурите дополнително ќе опаднат, со утрински вредности кои на места ќе се спуштат и под нулата, додека дневните ќе се движат меѓу 9 и 18 степени.