📽️ ЦЕЛ ЧАС ФРЛАЛ ПРЕДМЕТИ ОД ШЕСТИ КАТ Петгодишник оставен сам во стан во Солун, мајката уапсена

Петгодишно дете во Солун било оставено само во стан на шести кат и еден час фрлало предмети кон улицата, по што полицијата интервенирала и ја уапсила мајката.

0

Петгодишно дете било оставено само во стан на шести кат во Солун, при што цели еден час фрлало предмети од балконот кон улицата, по што полицијата ја уапсила неговата мајка.

Инцидентот се случил на авенијата Василеос Георгиу, каде што минувачи забележале како од висина паѓаат разни предмети и веднаш ја известиле полицијата.

Според информациите, детето фрлало камења, правосмукалка, кофа, џогер, друштвени игри и карти. За среќа, во инцидентот нема повредени.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tanea.english (@tanea.english)

Полицијата брзо пристигнала на местото, но бидејќи влезната врата била заклучена, до детето стигнала преку соседен стан.

Кога мајката се вратила дома, веднаш била приведена. Против неа е покрената постапка за изложување на малолетно лице на опасност.

По налог на обвинител, детето привремено е згрижено кај семејни пријатели додека трае истрагата.

Поврзани содржини