🎥 ВМРО-ДПМНЕ ОСТРО ГО ОСУДИ СТАВОТ НА ЗЕМОН ДЕКА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е НЕБИТЕН ЗА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ Другарот на Заев и на Филипче го прикажа образецот на СДСМ

Ова е образецот на СДСМ - релативизација на македонскиот идентитет, отстапки без гаранции и целосна рамнодушност кон она за што генерации Македонци се бореле и се жртвувале, рече Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

488

ВМРО-ДПМНЕ остро ја осудува изјавата на другарот на Зоран Заев и на Венко Филипче, Рубин Земон, кој јавно и без срам вели дека Гоце Делчев е мит, дека не извојувал ниедна битка и дека не напишал ништо што денес е од важност, рече Валентин Манасиевски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Членот на ИО на Филипче и на Заев, Рубин Земон, тврди дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и не е битен за македонскиот идентитет. Директорот на Центарот за напредни истражувања на СДСМ и сегашен член на ИО, Рубин Земон, кој, исто така, е и поранешен посебен советник во Владата предводена од Зоран Заев, јавно на социјалните медиуми вели не му е толку важно она што го има направено Гоце Делчев за Македонија и не му е јасно зошто толку македонскиот народ му се восхитува – вели Манасиевски.

По ова, додаде тој, јасно се гледа дека на СДСМ воопшто не им е гајле ниту за Македонија, ниту за македонскиот идентитет, ниту за македонскиот народ.

– Очигледно е дека ова не е личен став само на Филипче, туку ова е образец на СДСМ и ова е тоа околу што СДСМ постојано гравитира – релативизација на македонскиот идентитет, отстапки без гаранции и целосна рамнодушност кон она за што генерации Македонци се бореле и се жртвувале – рече Манасиевски.

Во еден поткаст Земон, кој е и поранешен пратеник, рече дека многумина други се заслужни за македонскиот идентитет, ама не и Гоце Делчев, од кого е направен мит.

– Не му е јасно за Гоце Делчев, ништо не напишал во животот, ниту една битка не извојувал никаде, а направен е мит од него. Требаат аргументи и докази. Која книга Гоце Делчев ја напишал? Што напишал човекот? Каде војувал? – рече Земон.

Поврзани содржини