🎥 КEЈТ ХАДСОН ОТКРИ ШТО ЈА ОДБИВА ВЕДНАШ КАЈ МАЖИТЕ „Имам проблем со мажите кои многу ја нагласуваат својата духовност“

Во текот на неодамнешното гостување во емисијата „Watch What Happens Live with Andy Cohen“, Кејт Хадсон открила дека кај мажите особено ја одбива кога тие веднаш и упорно нагласуваат колку се религиозни.

116

Кејт Хадсон беше гостинка во шоуто „Watch What Happens Live with Andy Cohen“, со колегата Џастин Теру, со кого глуми во серијата на Нетфликс „Running Point“. Нивното заедничко гостување се совпадна со објавувањето на втората сезона од серијата, која пристигна на Netflix на 23 април.

„Тоа е веднаш црвено светло за мене“

Кога Енди Коен ја праша какво однесување кај мажите смета за одбивно, таа рече:

– О, о, ооо. Во ред, знам дека ова можеби ќе звучи погрешно, но сепак ќе го кажам. Можеби ќе заврши во насловите, ама нема врска. Навистина имам проблем со мажите кои силно ја нагласуваат својата духовност, и тоа на начин што ве тера да се прашате: Зошто го правиш ова? Што се обидуваш? Тоа е веднаш црвено светло за мене. Како нешто да не е во ред.

Таа откри и кои се според неа најдобри љубовници

Во истото интервју, Кејт Хадсон зборува и за своите други преференции и откри дека ги смета музичарите за најдобри љубовници.

– Кои се подобри љубовници – актерите, спортистите или музичарите? – ја праша Коен, на што таа одговори: „Музичари, илјада проценти.“

Погледнете што друго откри во клипот подолу.

@bravowwhl

What gives Kate Hudson the ick??? WWHL

♬ original sound – BravoWWHL – BravoWWHL

Актерка и мајка на три деца

Кејт Хадсон е една од најпознатите холивудски актерки од својата генерација, а стана позната по улогата на Пени Лејн во филмот „Almost Famous“, за кој освои Златен глобус и беше номинирана за Оскар.

Пошироката јавност ја памети и по романтичните комедии „How to Lose a Guy in 10 Days“, „Bride Wars“ и „Fool’s Gold“, а во последниве години се појави во хитот „Glass Onion: A Knives Out Mystery“. Моментално ја игра Исла Гордон во серијата на Нетфликс „Running Point“, која се врти околу семејство поврзано со кошаркарски клуб.

Нејзиниот љубовен живот исто така често беше под лупа на јавноста: беше во брак со Крис Робинсон, беше верена со Мет Белами, а од 2016 година е во врска со музичарот Дени Фуџикава, со кого е верена. Хадсон има три деца – синот Рајдер со Робинсон, синот Бингам со Белами и ќерката Рани со Фуџикава.

 

 

Поврзани содржини