КОЛЕГАТА САКАЛ ДА ЈА УДРИ ВО СТОМАК ВО ОСМИОТ МЕСЕЦ ОД БРЕМЕНОСТА Актерката Анѓелка Прпиќ откри шокантен детаљ од снимање
Додека Анѓелка Прпиќ била бремена осми месец, познатиот актер Петар Стругар се обидел да ја удри во стомак затоа што мислел дека носи лажен стомак, реквизит кој често се користи при снимањето филмови
Популарната српска актерка Анѓелка Прпиќ, која публиката ја памети по хит серијата „Андрија и Анѓелка“, неодамна сподели што доживеала на снимањето, кога речиси се случил инцидент со нејзиниот колега, актерот Петар Стругар.
Имено, додека била во осмиот месец од бременоста, нејзиниот колега се обидел да ја удри во стомак затоа што мислел дека носи сунѓер.
Стругар не знаел дека актерката во тоа време била навистина бремена, бидејќи долго време не се сретнале пред овој настан.
Мислејќи дека таа носи лажен стомак од сунѓер, реквизит што често се користи во филмскиот свет, актерот тргнал да ја удри, но таа веднаш го пресекла.
– Бев во осмиот месец од бременоста, го снимавме мојот вистински ултразвук, тој тргна да ме удри затоа што мислеше дека е стомак од сунѓер. Му реков: „Не, не, престани, ова е мојот стомак!“. Го пресеков и тој се тресеше два дена, не можеше да се свести – изјави актерката за Hype TV.
Таа неодамна зборуваше и за својот развод и за родителството и истакна дека не постои универзален рецепт за воспитување деца и дека секој треба да се води од сопствената интуиција.
– Мајчинството не може да се научи однапред бидејќи нема јасни насоки – вели Анѓелка, нагласувајќи дека најчесто се потпира на сопствените чувства. На шега призна дека понекогаш ѝ недостасува решителност.
– Честопати дури после некоја ситуација сфаќам што требало да кажам. Во моментот настојувам да бидам пристојна, но подоцна чувствувам дека требало да бидам поодлучна – вели актерката.
За разводот отворено зборуваше во познатата хрватска емисија „Недељом у 2“.
Кога водителот Александар Станковиќ директно ја праша дали има живот по разводот, актерката одговори:
– Боже, ме гледате ли? Никогаш послатко, никогаш помладо. Научив дека од далечина, ништо што ни се случува не е всушност толку страшно – рече таа, а ова беше широко коментирано на социјалните мрежи.
Таа додаде и дека со текот на времето научила дека, кога ситуацијата се гледа од дистанца, ништо што ни се случува во животот не е толку страшно.
За потсетување, Анѓелка се разведе во 2021 година по една деценија брак, а недолго потоа, јавноста беше потресена од веста дека започнала врска, а потоа и брак, со близок пријател на нејзиниот поранешен сопруг.
Поради оваа одлука, таа се најде на мета на ужасни критики на социјалните мрежи.
Соочена со таков притисок, актерката одлучи да им одговори на сите душегрижници – од сцената.
Во својата монодрама „Шта ме опет снаџе“, преку главниот лик Јованка, таа зборуваше за правото на жените на среќа по разводот и остро ги критикуваше двојните стандарди што преовладуваат во општеството.