ПОЛИЦИЈАТА СО ДЕНОВИ ЈА БАРАЛА „ПОГРЕШНАТА“ ДЕВОЈКА Фотографии од Фејсбук ја збуниле истрагата

Фотошопирани фотографии од социјалните мрежи ја доведоа во заблуда полицијата, која со денови трагала по исчезната жена што во реалност изгледала поинаку.

253

Полицијата во Мексико четири дена трагала по девојка која, всушност, не изгледала како на фотографиите што ги користеле во потрагата.

Станува збор за 30-годишната Гресија Гвадалупе Орантес Мендоза, која исчезнала на 12 април. Нејзини фотографии преземени од социјалните мрежи биле толку обработени што истражителите и граѓаните практично барале „непостоечка“ личност.

Според локалните медиуми, полицијата и соседите интензивно ја барале Мендоза користејќи фотографии од Фејсбук, кои биле фотошопирани до непрепознатливост. Потрагата траела неколку дена, сè додека жената не се појавила жива и здрава.

Таа била пронајдена на патот што ги поврзува Окосокоаутла и Хикипилас, по што била предадена на надлежните институции за да даде изјава.

Од обвинителството информираат дека Мендоза моментално е под институционална грижа, но не откриваат детали за околностите под кои исчезнала.

Сè уште не е јасно како дошло до забуната – дали полицијата самостојно ги презела фотографиите од социјалните мрежи или семејството ги доставило, поради тоа што немало понови, реални фотографии.

Фото: Социјални мрежи

Случајот отвора прашања за тоа колку обработените фотографии на интернет можат да ја отежнат работата на институциите, особено во ситуации кога секој детал е клучен.

Во меѓувреме, податоците за исчезнати лица во Мексико остануваат загрижувачки. Според Националниот регистар, само во 2025 година исчезнале речиси 30.000 жени, при што најголем дел од нив се на возраст меѓу 15 и 19 години.

Поврзани содржини