ЗЕЛЕНСКИ РЕЧИСИ ЕДЕН МЕСЕЦ ЧЕКА ПОТПИС ОД ХЕГСЕТ Украина бара ракети „Патриот“ и „НАСАМС“

Украинскиот претседател вели дека речиси еден месец чека потпис за ракетите „Патриот“ и „НАСАМС“, а најави и нов разговор со американската страна за воената помош.

0

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно реагираше на доцнењето на испораката на ракети за воздушна одбрана од САД, директно посочувајќи го американскиот министер за одбрана Пит Хегсет.

– Речиси еден месец чекам на потписот на г. Хегсет во врска со ракетите „Патриот“ и „НАСАМС“ – напиша Зеленски денеска на социјалните мрежи.






Американските системи „Патриот“ се сметаат за особено ефикасни во пресретнувањето на балистичките ракети што Русија ги користи во војната против Украина.

Зеленски соопшти дека побарал уште еден разговор со американската страна. Украина соработува со САД, европските земји и други партнери што располагаат со залихи од вакви ракети, напиша украинскиот претседател.

Тој најави и подготовки за ноемврискиот состанок на Контакт-групата за одбрана на Украина, кој треба да се одржи во американската воена база „Рамштајн“ во Германија.

Украинскиот министер за одбрана, Евгениј Хмара, претходно изјави дека Украина и нејзините западни сојузници сакаат на следниот состанок во базата „Рамштајн“ да разговараат за дополнителна воена помош.

Зеленски повеќепати досега предупредуваше на доцнењата во испораката на пресретнувачки ракети, кои се важни за одбраната на украинскиот воздушен простор.

Со западна воена помош, Украина се брани од руската инвазија повеќе од четири и пол години.

Поврзани содржини