ПОЛИЦИЈАТА ГО СРЕДУВА ХАОСОТ НА ПАТИШТАТА Седум возачи немале возачка, двајца имале забрани и еден бил пијан

Седум возачи биле без дозвола, двајца со активна забрана, а еден возел под дејство на алкохол – полицијата најавува кривични пријави.

0

Десет возачи завршија во полициска станица во изминатото деноноќие поради опасно и безобѕирно возење низ државата. Полицијата ги привела откако биле фатени како управуваат возило без дозвола, со активна забрана или под дејство на алкохол.

Од вкупниот број, дури седум возачи немале положено возачки испит. Двајца управувале иако имале изречена забрана, додека еден возач бил зад волан под дејство на алкохол.

Најмногу случаи имало во Куманово, каде што биле фатени двајца возачи без дозвола. По еден ваков случај е регистриран и во Скопје, Тетово, Крива Паланка, Кочани и Валандово.

Дополнително, по еден возач во Охрид и Дебар биле затекнати зад волан и покрај тоа што имале активна забрана за управување. Во Скопје, пак, еден возач возел под дејство на алкохол.

Од полицијата велат дека по целосното документирање на случаите ќе следуваат кривични пријави.

Воедно, апелираат до граѓаните да не седнуваат зад волан без дозвола, со изречена забрана или под дејство на алкохол, нагласувајќи дека ваквото однесување директно ја загрозува безбедноста во сообраќајот.

Поврзани содржини