НЕМА ИДНИНА ЗА СДСМ ДОДЕКА ФИЛИПЧЕ НЕ СЕ ДИСТАНЦИРА ОД ЗАЕВ Филипче може да тврди што сака, но реалноста е поинаква, порача ВМРО-ДПМНЕ

63

Претседателот на партијата Венко Филипче не го води СДСМ, туку сенката од минатото Зоран Заев, кој ја контролира партијата. Доказ за тоа е појавувањето на Заев на роденденот на партијата што уште еднаш потврди дека тој е вистинскиот газда, а Филипче е само извршител, се наведува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Појавувањето на Заев не остави никаква дилема, тој е врховниот лидер на СДС додека Венко Филипче останува само формален претседател. Заев е олицетворение на криминал, корупција и човек кој се пазари за сѐ па дури и за државните и национални интереси, а Филипче е личност што слепо го следи и се воодушевува на неговиот ментор. СДС денес е јасен пример за партија без вистинско раководство и без сопствена насока. Наместо лидерство, гледаме извршување на туѓи насоки и одржување на старите структури на Заев“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Според власта, опозициската партија е заробена во истите кругови што ја доведоа до пад на довербата кај граѓаните и членството од само 130.000 гласа.

„Филипче може да тврди што сака, но реалноста е поинаква, СДС не ја води тој. Додека граѓаните очекуваат одговорност, реформи и нов почеток, СДС продолжува со истите лица и истите политики. СДС денес е партија која не се реформира и обвновува, туку напротив продолжува да тоне со деструктивните политики на Филипче. Сѐ додека Филипче и СДС јасно не се дистанцираат од минатото, од Зоран Заев и од влијанијата што ја држат партијата во место, нема иднина за СДС“, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини