ГРУБИ ГО ДРЖИ АХМЕТИ „ВО ЗАЛОЖНИШТВО“ Ниту по 20 години на ДУИ не ѝ доаѓа памет, вели ВРЕДИ

Според ВРЕДИ ДУИ ја платила цената на локалните избори за својот манипулативен однос кон Албанците и „очигледно сѐ уште не ѝ доаѓа памет“ и по 20 години власт.

501

Лидерот на ДУИ Али Ахмети е во страв и заложништво од идните сведочења на неговиот екс-сопартиец Артан Груби, обвинува ВРЕДИ во соопштение до јавноста.

Според ВРЕДИ ДУИ ја платила цената на локалните избори за својот манипулативен однос кон Албанците и „очигледно сѐ уште не ѝ доаѓа памет“ и по 20 години власт.

„Нивните наводни остварувања за Албанците немаат никаква реална политичка тежина, се наведува во соопштенеиот од ВРЕДИ.

Сега излегуваат на виделина сите нивни манипулации. Наместо системски и долгорочно да ги решаваат прашањата за правата на Албанците тие ни оставија во наследство фалични алатки кои биле само параван за криминалното богатење на функционерите на ДУИ.

Крајно потценувачки и многу ефтино изгледа тезата дека се почитува Охридскиот Рамковен договор, се исполнуваат ЕУ перспективите и се одржува и унапредува стратешкото партнерство со САД, само кога ДУИ е дежурен партнер во сите Влади. Овој наратив е очајнички обид на Ахмети да остане политички релевантен“, вели ВРЕДИ.

Партијата додава  дека со своето делување во актуелната Влада дава вистинска лекција за тоа како се третираат и решаваат прашањата од висок интерес за Албанците.

Поврзани содржини