НЕОДГОВОРНИ ПОЕДИНЦИ ЛАНСИРАЛЕ ДРОНОВИ КОН СЕВЕРНА КОРЕЈА Претседателот на Јужна Кореја се извини за непотребните воени тензии

Претседателот Ли Џе Мјунг рече дека истрагата на јужнокорејските власти открила дека вработен во Националната разузнавачка служба и активен воен службеник се вклучени во упадите со беспилотни летала на севернокорејска територија.

969

Претседателот на Јужна Кореја утрово изрази жалење за упадите со беспилотни летала на севернокорејска територија претходно оваа година, опишувајќи го како чин на неодговорни поединци и нагласувајќи ја посветеноста на Сеул за спречување на идни инциденти.

„Изразуваме жалење до Северна Кореја за фактот дека непотребни воени тензии се предизвикани од неодговорни и непромислени постапки на некои поединци“, рече претседателот Ли Џе Мјунг на состанокот на кабинетот.






Ли рече дека истрагата на јужнокорејските власти открила дека вработен во Националната разузнавачка служба и активен воен службеник биле вклучени во случајот. Toj додаде дека уставот забранува индивидуални провокации против Северна Кореја.

Пјонгјанг во јануари објави дека беспилотни летала испратени од Јужна Кореја го нарушиле воздушниот простор на Северна Кореја, обвинувајќи го Сеул за сериозна провокација.

Јужна Кореја негираше каква било воена вмешаност и почна воено-полициска истрага, чиј епилог е обвинение против Јужнокорејците за кршење на законите за воздухопловство и национална безбедност, поради неовластената употреба и летови на беспилотни летала.

Северна Кореја собори беспилотни летала што прелетаа на нејзина територија, а поради зголемените тензии во последните месеци, ја прогласи Јужна Кореја за „најнепријателска“ земја.

Поврзани содржини