СИСТЕМОТ БРТ НЕМА ДА СЕ ДВИЖИ ПО ЗЕЛЕНИЛОТО, ТУКУ ПО КРАЈНИТЕ ЛЕНТИ Ѓорѓиевски и проектантите зборуваа за техничките аспекти
На состанок меѓу градоначалникот на Скопје и проектантите на системот БРТ било нагласено дека трасата на автобуското метро да поминува низ средишното зеленило, со што се заштитуваат важни природни ресурси, вклучително и водоснабдувањето на градот. Наместо тоа, системот ќе се движи по крајните сообраќајни ленти, а дополнително ќе се предвиди ново зеленило како природна бариера.
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, имаше работна средба со проектантите на БРТ (Bus Rapid Transit) системот, на која детаљно биле презентирани решенијата, намената и техничките аспекти на проектот. На средбата се разговарало за трасите, начинот на функционирање, како и за придобивките што овој систем ќе ги донесе за градот и за граѓаните.
Особено било нагласено дека трасата на БРТ нема да поминува низ средишното зеленило, со што се заштитуваат важни природни ресурси, вклучително и водоснабдувањето на градот. Наместо тоа, системот ќе се движи по крајните сообраќајни ленти, а дополнително ќе се предвиди ново зеленило како природна бариера.
Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил најави:
„За разлика од минатото, денес разликата е стинска. Денес не зборуваме за идеја, туку за сериозно поставен и институционално заокружен проект. Средствата од заемот на Европската банка за обнова и развој, во износ од 70 милиони евра, ќе се пренесат на Град Скопје како неповратни средства и ќе се користат исклучиво за реализација на БРТ“.
Тој се заблагодари до премиерот Христијан Мицкоски за силната поддршка, како и за процесот за набавка на 100 нови целосно еколошки автобуси.
Проектот предвидува изградба на две главни линии – Исток – Запад и Север – Југ, воведување современи нископодни автобуси на CNG/хибриден погон, како и поставување паметни станици и информативен систем за патниците. Воедно, системот ќе биде целосно интегриран со управувањето на сообраќајот во градот.

„Со реализацијата на овој проект се очекува значително намалување на сообраќајниот метеж, скратување на времето на патување и намалување на загадувањето. БРТ претставува стратешка инвестиција во иднината на Скопје и чекор кон достигнување европски стандарди во јавниот превоз и урбаното живеење“, велат од Град Скопје.
БРТ-системот е замислен како метро на тркала, со посебни сообраќајни ленти, приоритет на раскрсници и висока фреквенција на возила, што ќе овозможи побрз, посигурен и предвидлив превоз.
„Тоа значи побрз, сигурен и предвидлив превоз, значително намалување на гужвите и времето на патување, како и сериозно намалување на загадувањето“, пишува Ѓорѓиевски.