ЕМ ГО УДРИЛ СО КОЛА, ЕМ ГО НАТЕПАЛ!? Возач нападна човек на тротинет

Осомничениот е уапсен вчера, а ќе одговара за насилство по брза постапка.

720

Вчера во Скопје полицијата уапси 32-годишен маж кој по расправија во сообраќајот удрил човек со тротинет, а потоа и физички го нападнал.

Инцидентот се случил претпладне, околу 11:10 часот, на подрачјето на Аеродром, кога осомничениот со „бмв“ удрил во тротинет управуван од 41-годишен скопјанец. По судирот, тој излегол од возилото и го нападнал човекот.






Неколку часа подоцна, околу 16 часот, бил приведен во полициска станица. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за насилство по брза постапка.

Поврзани содржини