АКО РАСТАТ ЦЕНИТЕ ЌЕ ГИ НАМАЛИМЕ АКЦИЗИТЕ НА НАФТАТА Интервениравме за ДДВ како ретко која друга земја, вели Мицкоски

Премиерот истакнува дека Владата, како никоја друга држава во Европа директно од буџетот во следните две недели ќе интервенира од буџетот за да го намали ДДВ-то од 18 на 10%. Мицкоскиисто така најавува нови мерки ако продолжи растот на цените на нафтата, вклучително намалување на акцизите и маржите.

182

Владата ја следи состојбата со цените на нафтата и доколку продолжи растот на берзите по истекот на двонеделната мерка за намалување на ДДВ-то од 18 на 10 отсто, доколку продолжи растот, следна мерка ќе биде намалување на акцизите и маржата, односно цената на складирање и транспортните трошоци, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на новата трафостаница „ТС Централна“ во Скопје, тој нагласи дека Владата има мерка следните две недели, како ниедна друга држава во Европа, директно од буџетот за намалување на ДДВ-то од 18 на 10 проценти.






– Ќе ја следиме и понатаму состојбата и врз основа на тоа во периодот што следи ќе интервенираме – нагласи Мицкоски.

Прашан дали Владата ќе преземе мерки доколку има раст на цените кај храната, Мицкоски посочи дека 30 тима од Државниот пазарен инспкторат се на терен и доколку забележат непазарно однесување ќе делуваат.

– Триесет тима од Државниот пазарен инспекторат се на терен. И повторно тука од страна на опозицијата манипулираат дека различни типови маркети се посетуваат. Се гледаат сите трошоци и врз основа на тие трошоци носиме стратегија и политика. Нормално таму каде што ќе видиме дека постои непазарно однесување ќе делуваме како Влада – истакна Мицкоски.

 

Поврзани содржини