3 ПРИЗНАНИЈА ЗА КОРПОРАЦИЈАТА ЗЕГИН НА „БИЗНИС ЛИДЕР“ Наградени резултатите на Зегин, Моја аптека и Зегин фарм

Корпорацијата ЗЕГИН вели дека зад оваа награда стојат посветени вработени и силна визија, а за секоја компанија претставува чест и гордост да биде препознаена како визионерски бизнис лидер чиј, како што велат, извонреден придонес има значително влијание во индустријата.

0

Корпорацијата Зегин доби три признанија во рамките на проектот „Бизнис лидер“, со кој се истакнуваат деловните резултати и придонесот на македонските компании во економскиот развој. Признанијата се однесуваат на компаниите Зегин ДОО Скопје, Моја аптека Скопје и Зегин фарм Скопје.

„Во време кога здравјето, грижата за себе и квалитетот на животот стануваат сè поважен сегмент од секојдневието на современиот човек, лидерството не се мери само со големината на една компанија, туку и со нејзината способност да ги препознае промените и да одговори на новите потреби на луѓето. Токму во таа насока компанијата Зегин континуирано го гради својот развој, каде во фокусот се достапноста, иновациите, квалитетот и општествената одговорност“, порачува ЗЕГИН.






Фото: Корпорација ЗЕГИН

Проектот „Бизнис лидер“ чиј главен фокус е да им оддаде признание, да ги инспирира и поврзе бизнис лидерите, претприемачите, инвеститорите и иноваторите, и оваа година го прослави  успехот на македонските компании кои придонеле за економскиот раст и развој на државата, истакнувајќи ги успешните приказни и нивните достигнувања за изминатава година.

Фото: Корпорација ЗЕГИН

Трите признанија се следните:

ЗЕГИН ДОО Скопје – Прво место во дејноста по остварени вкупни приходи и прво место во дејноста по просечен број на вработени.

МОЈА АПТЕКА Скопје – Прво место во дејноста по остварена вкупна нето добивка и прво место во дејноста по просечен број на вработени.

ЗЕГИН ФАРМ Скопје – Прво место во дејноста по остварени вкупни приходи.

Корпорацијата ЗЕГИН вели дека зад оваа награда стојат посветени вработени и силна визија, а за секоја компанија претставува чест и гордост да биде препознаена како визионерски бизнис лидер чиј, како што велат, извонреден придонес има значително влијание во индустријата.

Поврзани содржини