ПОЗИРАЛЕ СО „ГОЛЕМА АЛБАНИЈА“ И ЈА НАВРЕДУВАЛЕ СРБИЈА Српската полиција уапси четворица Албанци
Четворица државјани на Албанија се приведени поради видео со провокативна содржина објавено на годишнината од НАТО-бомбардирањето.
Четворица државјани на Албанија се уапсени во Србија поради сомнение дека поттикнувале национална и верска омраза преку видео објавено на социјалните мрежи.
Според Министерството за внатрешни работи на Србија, приведени се А.С. (1989), Е.В. (1984), Е.Г. (1978) и А.Ц. (2005), сите државјани на Албанија. Тие се сомничат дека на денот на годишнината од бомбардирањето од НАТО објавиле видео со провокативна содржина.
Како што информираат од српското МВР, едниот од осомничените објавил снимка на својот профил на Facebook, на која се гледа како во автомобил „ауди“ заедно со останатите лица се движи по автопат низ Србија, прикажувајќи симболи поврзани со „Голема Албанија“ и користејќи навредливи изрази за државата.
На четворицата им е одреден притвор до 48 часа, по што ќе бидат изведени пред Вишото јавно обвинителство во Белград, во рамки на Специјалното одделение за борба против високотехнолошки криминал.