ЗАПЛЕНЕТИ 180 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА, 18 КИЛОГРАМИ КОКАИН… Голема акција на српската полицијата, приведена 18 годишна жена

При претрес во стан во Сремска Митровица биле пронајдени 180 килограми марихуана, 18 килограми кокаин, 43 литри амфетаминско масло, пет килограми хашиш и други средства.

0

Во станот каде што престојувала осомничената биле пронајдени и 43 литри амфетаминско масло, пет килограми хашиш, кофеин и 2.800 евра

Српската полиција запленила голема количина наркотични средства и суровини за нивно производство при претрес на стан во Сремска Митровица, а во акцијата е уапсена 28-годишната М. К., соопшти српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.






Меѓу запленетото има околу 180 килограми марихуана, 18 килограми кокаин, 43 литри амфетаминско масло и околу пет килограми хашиш.

Полицијата пронашла и 11 килограми кофеин, за кој од МВР наведуваат дека се користи како суровина во производството на амфетамин.

Акцијата ја спровеле припадници на Министерството за внатрешни работи, Управата за криминалистичка полиција, Службата за борба против организиран криминал и Одделот за сузбивање на организиран шверц со дрога, во соработка со Одделот за специјални дејствија и Вишото јавно обвинителство во Сремска Митровица.

– Припадниците на МВР ја уапсија М. К. (28), под сомнение дека сторила кривично дело неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги – изјави Дачиќ.

Според српското МВР, претресот бил извршен во стан во кој осомничената престојувала без пријавено живеалиште.

Освен наркотиците и суровините, полицијата пронашла и две електронски ваги за прецизно мерење, како и 2.800 евра.

Вкупната количина на запленети средства и суровини укажува на значителна операција поврзана со нелегална трговија и производство на дрога, соопштија надлежните.

На М. К. ѝ е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде приведена во надлежното обвинителство во Сремска Митровица, каде што ќе биде спроведена со кривична пријава.

Истрагата треба да ги утврди потеклото на запленетата дрога, нејзината намена и евентуалната поврзаност на осомничената со други лица.

Поврзани содржини