ПО „ЕЗЕРО АМЕРИКА“, СЕГА И „ТЕСНЕЦ ТРАМП“ Американскиот претседател има нов предлог
Американскиот претседател предложи Ормускиот Теснец да добие ново име, по неодамнешниот предлог езерото Онтарио да се преименува во „Езеро Америка“.
Американскиот претседател повторно предлага географско преименување, откако неодамна побара езерото Онтарио да се вика „Езеро Америка“
Американскиот претседател Доналд Трамп предложи Ормускиот Теснец да биде преименуван во „Теснец Трамп“.
Трамп предлогот го објави на својата платформа „Трут соушал“, каде што напиша:
– Сега, откако го контролираме, дали треба Ормускиот Теснец да го преименуваме во „Теснец Трамп“?
Предлогот доаѓа во период на исклучително високи тензии околу стратешкиот морски премин меѓу Иран и Оман.
Ормускиот Теснец е еден од најважните поморски коридори во светот, бидејќи преку него се транспортира голем дел од светската нафта и течен природен гас.
Теснецот го поврзува Персискиот Залив со Оманскиот Залив и понатаму со Арапското Море, што му дава огромно стратешко и економско значење.
Ова не е првпат Трамп да предложи промена на име на позната географска локација.
Пред неколку дена тој потпиша извршна наредба со која побара езерото Онтарио, кое се наоѓа на границата меѓу САД и Канада, да се именува како „Езеро Америка“.
И тој потег предизвика реакции, особено во Канада, каде што езерото со векови е познато како Онтарио.
Сега на ред е Ормускиот Теснец – географско име кое има многу пошироко меѓународно значење и не е под суверенитет на САД.
Предлогот на Трамп засега е политичка порака и не значи дека меѓународно признатото име на теснецот автоматски ќе биде променето.