КOИ СЕ ДЕЦАТА НА ЧАК НОРИС? Легендарната акциона ѕвезда има пет деца, за едно дознал речиси 30 години подоцна

Светот тагува по Чак Норис, но најемотивните збогувања ги споделија неговите деца, особено близнаците Дакота и Данили.

208

Смртта на легендарната акциона ѕвезда Чак Норис на 87-годишна возраст ја потресе јавноста, а емотивните пораки од неговите деца беа особено трогателни.
Најмладите деца, близначките Дакота и Данили, беа првите што јавно проговорија за загубата на својот татко, кого го опишаа како исклучителен човек и родител.
Дакота Норис се збогува со зборови што трогнаа многумина:

– Тато, тешко е да се најдат вистинските зборови за ова, но ќе дадам се од себе. Ти беше човек на кого се угледував целиот свој живот.






Тој, исто така, ги истакна вредностите што ги наследил од својот татко:

– Твојата дарежливост, љубезност, храброст и вера беа работи на кои отсекогаш им се восхитував. Ти беше најдобриот татко што Бог можеше да ми го даде – напиша тој.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dakota Norris (@d.ak.ot.a)

Неговата сестра близначка Данили Норис, исто така, сподели трогателна порака:

– Губењето родител е нешто за кое никогаш не си подготвен. Мојот татко длабоко сакаше и се грижеше за секоја личност во својот живот со таква нежност. Неговата љубов ме научи да се сакам себеси. Те сакам засекогаш.

Близначките Дакота и Данили Норис (24) се родени во 2001 година од Џин О’Кели. Дакота ја наследи страста на својот татко за боречки вештини, додека Данили води поприватен живот, но очигледно била исклучително блиска со својот татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Danilee Norris ♬⋆.˚ (@d.ani.lee)

Покрај нив, Чак има уште три деца.

Најстариот син, Мајк Норис, се обидел да глуми и да режира, а публиката го памети по акциони филмови како „Делта Форс 3“. Тој соработувал и со својот татко во серијата „Вокер, Тексашкиот Ренџер“.

Ерик Норис изградил кариера како каскадер и координатор на акциони сцени во Холивуд. Покрај тоа, бил вклучен во мотоспортот како возач на НАСКАР.

Чак ги имал со својата поранешна сопруга Дајан Холечек.

Особено интересна приказна е поврзана со неговата ќерка Дина Норис, за чие постоење Чак Норис не знаел речиси 30 години. И покрај ова, тие развиле блиска врска, а таа сега живее далеку од очите на јавноста.

– Бев дома и ја проверував поштата кога го видов тоа писмо и го отворив – се присетил Норис во интервју за „Ентертејнмент тунајт“ во 2004 година.

– Беше од Дина… и таа пишуваше: „Јас сум твоја ќерка од претходната врска. Дознав дека си ми татко кога имав 16 години, но мајка ми рече дека си оженет и дека не треба да се мешаме во твоето семејство.

Во своите мемоари од 2004 година, „Against All Odds: My Story“, Норис напишал дека ѝ го прочитал писмото на мајка си, која се согласила прво таа да се сретне со Дина.

Откако се сретнале во нејзиниот дом, мајката на Норис го повикала својот син и му рекла веднаш да дојде.

– Влегов во дневната соба и речиси ми се запре здивот. Таму, пред мене, беше прекрасна млада жена. Бев запрепастен, но во моментот кога ја видов, знаев. Не ми требаа ДНК или крвни тестови; немаше сомнеж во мојот ум дека таа е мојата ќерка.

Норис додаде дека откако се прегрнале и почнале да плачат, се чувствувал како да ја познавал цел живот. По нивната прва средба, Норис и Дина развиле исклучително блиска врска.

Поврзани содржини