ПОСЛЕДНА ПРЕЧКА ДО СВЕТСКОТО Македонија ќе се бори со Словачка за пласман

Словачка се извлече во драматичен двомеч со Украина и ќе биде последната пречка за Македонија во битката за пласман на Светското првенство 2027.

214

Македонската ракометна репрезентација ќе игра против Ракометна репрезентација на Словачка во баражот за пласман на Светско првенство во ракомет 2027, откако Словаците ја елиминираа Украина во драматичен двомеч.

Иако Украина славеше со 32-31 во реваншот, Словачка обезбеди пласман понатаму благодарение на победата од 27-24 во првиот натпревар. Украинците имаа одлична шанса да го свртат резултатот, откако во текот на натпреварот водеа и со шест голови разлика, а на полувреме заминаа со убедливи 20-15.






Сепак, во вториот дел следуваше пресврт. Словачка постепено ја топеше разликата, стигна и до водство, а и покрај минималниот пораз во реваншот, вкупниот резултат беше на нивна страна.

Сега, пред македонските ракометари стои последната пречка за пласман на големото натпреварување. Првиот натпревар ќе се одигра на 13 или 14 мај во Братислава, додека реваншот е закажан за 17 мај во Скопје.

Поврзани содржини