ИРАН ДОФРЛИ ДО БАЗА СРЕДЕ ИНДИСКИОТ ОКЕАН За првпат испука интерконтинентални ракети, Пентагон молчи?
Иран за првпат употреби интерконтинентални балистички ракети со долг дострел. Техеран ја тестираше моќта, гаѓајќи база во срцето на Индискиот Океан. Базата „Диего Гарсија“ не е погодена. Засега нема реакција од Белата куќа и од Пентагон.
Иран отвори ново поглавје во воената стратегија употребувајќи интерконтинентални ракети со значителен дострел. Земјата лансираше ракети кон американско-британско база во срцето на Индискиот Океан оддалечена 4.000 километри.
Се работи за базата „Диего Гарсија“ на мал остров во архипелагот Чагос. Според „Волстрит џурнал“, биле испукани две балистички ракети, но ниту една од ракетите не ја погодила базата.
Едната ракета откажала во текот на летот, додека другата била соборена од американски воен брод, според извори од американската администрација.
Американските институции засега не даваат официјални реакции на случувањето. Пентагон не одговорил на медиумските прашања, додека Белата куќа и британската амбасада во Вашингтон засега се без коментар.
Островот во архипелагот Чагос е формално британска територија. „Диего Гарсија“ претставува клучна точка за американската воена инфраструктура, со присуство на нуклеарни подморници, стратешки бомбардери и разорувачи.

Локацијата овозможува контрола врз огромен дел од Индискиот Океан и поширокиот регион.
Базата е дел од поширок геополитички договор меѓу Обединетото Кралство и САД, насочен кон операции поврзани со Иран. Во 2025 година, Лондон потпиша договор со Маврициус, со кој Индија го враќа суверенитетот над архипелагот, но задржува закуп за базата за следните 99 години.
Историјата на островите останува контроверзна и чувствителна. Во доцните 60-ти и раните 70-ти години, околу две илјади жители биле присилно протерани за да се изгради воената инфраструктура.
Иранските напади врз воените бази што ги користат САД на Блискиот Исток предизвикаа штета од околу 800 милиони долари (600 милиони фунти) во првите две недели од војната, покажува нова анализа. Голем дел од штетата е предизвикана во првичните одмазднички напади од страна на Иран во неделата откако САД и Израел ја започнаа војната.
Проценката е од извештај на Центарот за стратешки и меѓународни студии (CSIS) и анализа на Би-Би-Си. Целосниот обем на штетата не е познат.